Тешко повреден маж од Велешко, изгубил контрола врз возилото, удрил во бетонска ограда, па во паркиран автомобил

6496

Вчера во 21.10 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на патот Свети Николе – село Горобинци, светиниколско, 70-годишниот С.С. од село Иванковци, велешко, управувајќи патничко возило „ланд ровер“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бетонска ограда и во паркирано патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, паркирано од 61-годишниот С.Г. од Свети Николе, извести МВР.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.С, додека со телесни поврди се здобил сопатникот С.С.(52) одс.Иванковци, констатирани во болницата во Велес“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

претходниот член,17-годишно девојче од Кавадарци се одјавило од интернат и не се вратило дома, не е достапна ниту на телефон
Следната статија„Леташе“ орли пред навивачтие на Србија, па сега ќе лета порано дома: Косовскиот новинар избркан од Европското првенство