Тешко повреден 66-годишен маж во несреќа во Кочани

28

На 10.05.2025 во 13:30 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани товарно возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(46) од Кочани, удрилo во пешакот Ѓ.С.(66) од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ѓ.С., констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Претходна вестПет сериозни кандидати за нов гувернер на Народната банка – кој ќе ја добие довербата од Собранието?
Следна вестПрво обраќање на папата Лав XIV: Запрете ги сите војни