Семејството Арифи од скопски Синѓелиќ, кое брои шест членови, живее во тешки услови, а сторијата за нивните животи ја ности ТВ 21.
Најстарата сестра, Рејхан, пред три години претрпела ментална криза, откако најголемиот товар за грижата за семејството паднал на неа. Таа се посветила на грижата за втората сестра, Ширете, која страда од шизофренија, како и за најмалата сестра, Есра, која од деветмесечна возраст живее со церебрална парализа.
Освен грижата за двете сестри, Рејхан има и две деца, 13 годишната Ениса и 12 годишниот Илбер за кои се грижи сама бидејќи сопругот и е во затвор.
Сега, со ослабено здравје, грижата за семејството ја презела нивната 64-годишна мајка која не сакаше да зборува пред камера.
-Условите се многу тешки, затоа и сум болна. Втората сестра е со шизофренија и таа пие лекови, другата има церебрална парализа. Работата ни е катастрофа. Немаме канализација. На 3-4 месеци ја бањаме сестра ни бидејќи јамата се полни и излегува вода. Мајка ни готви, јас не можам, ни таа не може. Мајка ми има притисок, дијабетес, се, вели Рејхан Арифи
Семејството живее од социјалната помош, туѓа нега и мобилност, но тоа е недоволно. Тие бараат хумана помош за кров над глава во близина на амбулантата, училиштето и институциите.
-Ги замолувам да не тргнат оттука, дај Боже да излезе некој хуман човек. Имаме потреба од пари, децата бараат храна, за на училиште, но јас немам. Училиштето е далеку, лекарите далеку, маркетите далеку. Се ни е далеку, додава Рејхан
А кога ја прашавме 13 годишната Ениса за нејзината желба, таа не побара ништо за себе, туку побара помош од хуманите луѓе за да им обезбедат кров над глава поблиску до лекарите и некоја тетратка, гума и чанта.
-Ние сакаме да бидеме блиску амбулантата бидејќи тетка ми е болна, мајка ми, баба ми, исто така и тетка ми која е парализирана, за да бидеме поблиску лекарите за побрзо да ги испратиме на лекар, кажа Ениса Арифи.
На новинарско прашање што освен стан, што сакаш нешто друго за себе?
-Сакам да ги имам сите потребни нешта за училиште, молив, гума, чанта… Прв пат кога мајка ми се разболе, многу се исплашив, некако нешто како да ми влезе во срцето…, рече Ениса Арифи за ТВ 21 каде во целост со видео прилог може да ја проследите сторијата.
Доколку сакате да помогнете може да контактирата не 070 217 868