Тешка сообраќајка помеѓу „пежо“ и „форд“ – има повредени

1292

Тешка сообраќајна несреќа се случила на 27 декември попладнето на магистралниот пат Штип–Кочани, на излезот од селото Чардаклија.

Според информациите од СВР Штип, околу 16:13 часот дошло до судир меѓу патничко возило „пежо 607“, управувано од 28-годишен жител на Радовиш, и товарно возило „форд транзит“, зад воланот на кое бил 60-годишен маж од селото Горни Подлог, кочанско.

Во несреќата, возачот на „пежото“ се здобил со тешки телесни повреди, додека со телесни повреди биле повредени и возачот на товарното возило, како и неговите две сопатнички – жени на возраст од 58 и 62 години.

Сите повредени биле пренесени и згрижени во Клиничка болница Штип, каде што им биле констатирани повредите.

Претходна вестЗакон кој го подели мислењето: Од 2027 година Забрана за цигари, вејпови и никотински кесички во затворени простори во Република Српска