Тешка несреќа: Три лица, меѓу кои и дете итно пренесени во болница

83

Сообраќајна несреќа се случила на 27 декември попладнето во Куманово, на крстосницата од магистралниот пат Куманово–Крива Паланка, во населбата Карпош.

Како што информираат од СВР Куманово, околу 16:15 часот дошло до судир меѓу патничко возило „дачиа“ со кумановски регистарски ознаки и патничко возило „сеат“ со регистарски таблички од Крива Паланка.

Во несреќата, тешки телесни повреди добила 28-годишна жена од Скопје, која била сопатничка во возилото „сеат“. Со телесни повреди биле повредени и возачот на „сеатот“, 27-годишен маж од селото Конопница, како и малолетен сопатник од истото возило.

Сите повредени биле пренесени и згрижени во Општа болница Куманово, каде што им биле констатирани повредите.

На местото на несреќата бил извршен увид од полициска екипа од СВР Куманово.

Претходна вестТешка сообраќајка помеѓу „пежо“ и „форд“ – има повредени
Следна вестЗоран од Куманово печалел во Ирак и Авганистан: Еве колку илјади евра данок на приход треба да плати само за 2020 година