Тепачка во Виница, едно лице завршило на Клиника во Скопје

44

На 02.10.2025 во 18:20 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Д.М.(37) од Виница. Имено, по преземени мерки, утврдено е дека околу 11:25 часот пред угостителски објект во Виница, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Д.М. и И.С.(40) од Виница.

Притоа, И.С. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во болницата во Кочани бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за понатамошно лекување.

Увид на местото изврши екипа од СВР Штип – ОВР Виница, Д.М. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Претходна вестТри лица фатени при нелегален транспорт на огревно дрво
Следна вестУбедлива победа на Бабиш на чешките избори