Татко од Велес шокиран: Во ваква ситуација го пронашол својот 10-годишен син: Бил нападнат од куче

456

Денес околу 12 часот, го испратив мојот 10 годишен син на училиште, радосен и безгрижен, како секое дете на втора смена.

Само 15 минути подоцна, телефонот заѕвони и веста што ја слушнав од него – ме касна улично куче, на мускулот на ногата.

Благодарение на случаен минувач што се даде на помош и брзата лекарската интервенција од брза помош, заразно и хируршко одд. што реагираа веднаш, раната е добра, но стравот останува. Детето ми се тресе кога ќе види куче, не сака да оди само, се плаши да помине улица. Сè уште не може да верува дека нешто такво него му се случи.

Сакам јавно да прашам: До кога ќе живееме со страв за безбедноста за нашите деца? До кога Општина Велес ќе гледа на оваа појава како „нормална“?

БАРАМ РЕАКЦИЈА, ОДГОВОРНОСТ И РЕШЕНИЕ.

Денес беше моето дете — утре може да биде и вашето. Да направиме нешто пред да биде предоцна.

Фејсбук статус на Стевце Илиев.

Претходна вестНикола Груевски се огласи и кажа: 2026 година со сигурност ќе биде година на агонија, во 2027 година, ако не се промени правецот, веројатно и многу повеќе од тоа
Следна вестМајката Дијана која го загуби детето, штрајкува 10-ти ден со глад: На кратко хоспитализирана, и дадоа инфузија и се врати на штрајкот