Арбен Таравари , актуелниот Министер за здравство и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН е подготвен, не само за грбот туку во пакет да се разговара за менување и на химната и на 20 отсто Албанци, но и за други нерешени етнички прашања.
Неговиот став е дека во пакет треба да се решат овие прашања кои останале нерешени во последните 30 години, за да може да се посветиме на економија, антикорупција и евроинтеграции.
„Интересно прашање. Факт е дека Македонија е една од ретките посткомунистички држави каде што химната и грбот не се сменети. Можеби се една или две држави освен Македонија. Јас зборувам во име на ВЛЕН, ние сме подготвени да седнеме и да разговараме за се. За жал во минатиот период повеќе чувствителни теми се ставаа под тепих и некако се сокриваа, не сакавме да се соочиме.
Подготвени сме да разговараме за пакет на мерки кои се останати нерешени во минатите дваесет, триесет години и во пакет да ги решиме. Зошто да тука да биде и грбот и химната и 20 % и други ако има етнички прашања и да се фокусираме, да се концентрираме веќе на економија, антикорупција, евроинтеграции, тоа што ни се најбитни теми оти луѓето највеќе ова ги интересира, подобри плати и подобар живот“, изјави министерот Таравари.