Студентите на средба со Арсовска: Владата да донесе одлука за продолжување на бесплатниот јавен превоз за студентите

17

Владата и Министерството за образование и наука на седницата на 24 декември да ја донесат потребната одлука за продолжување на бесплатниот јавен превоз за студентите за следната година, апелираат од Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ по денешната средба со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Средбата доаѓа во момент кога студентите се соочуваат со можност да останат без бесплатен јавен превоз во Скопје од 1 јануари 2025 година.

-За да продолжи бесплатниот превоз за студентите, потребно е Владата на Република Северна Македонија да донесе поединечна одлука со висината на средства што ќе се релоцираат за таа цел. Со оваа мерка ќе го задолжи Министерството за образование и наука да префрли средства за бесплатен превоз за студентите предвидени на конто за студентски стандард согласно Буџетот за 2025 година, се вели во соопштението на УСС УКИМ.

Оттаму потенцираат дека остануваат во борбата за заштита и подобрување на студентскиот стандард.

Претходна вестКочанчани повторно на протест, најавија и кривични пријави
Следна вестДијана е една од најпознатите полицајќи: Ми велат ,,Те молам стави ми лисици”