Струга шокирана од Брера на домашен терен, Македонија ЃП и Работнички ги поделија бодовите

33

Два натпревари го отворија 10-то коло во Првата македонска фудбалска лига.

Струга го забележа првиот пораз, откако загуби дома од Брера, додека скопските ривали Работнички и Македонија ЃП одиграа здодевен натпревар, заврши без голови.

Победата, екипата од Струмица ја најави во првите седум минути, кога по гол постигнаа Наумчески и Стојанов во седмата минута. Струга возврати преку Зенку во 11-та минута, но Брера стигна до трет погодок десет минути подцна преку Ндзенгуе.

Ефикасното прво полувреме го заклучи Радески со гол за 2:3 во 45-та минута. Точка на натпреварот со својот втор гол стави Нздегуе во 61-та минута.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претходна вестВо Студеничани ВЛЕН ќе го поддржи независниот кандидат Азем Садику
Следна вестИн мемориам: Битола во тага – почина Зоран Петковски