Страшно е вечерва во овој дел од Македонија

5241

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

Како што информираат Автомотосојузот на Македонија и ЈП „Македонија пат“, снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка, Маврово и Крушево.

На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри.

Сите други патни правци во државата се проодни.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На возачите им се препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Претходна вест(ФОТО) Ужас и страв: Ново свлечиште ја блокираше релацијата на овој патен правец во Македонија
Следна вестНАЈНОВА ВЕСТ: Страшни снимки се шират на социјалните мрежи – има загинати по вечерашниот напад врз патнички воз кај Харков