Драматична сцена се случи во денешниот натпревар помеѓу Интер и Фиорентина поради која натпреварот се прекина во 17. минута и засега не е познато кога ќе се доигра.
Фудбалерот на Фиорентина Едоардо Бове кој има 22 години одеднаш се сруши на теренот без контакт со противнички фудбалер, а по интервенцијата на лекарската екипа на теренот Бове е пренесен во болница.
Засега информации за неговата состојба нема, но изразите на теренот беа загрижувачки.