Страотна несреќа: Се судрија трактор и автомобил – има повредени

1899

Страотна несреќа: Се судрија трактор и автомобил – има повредени.

На 16.12.2025 во 17:45 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на магистралниот пат Прилеп- Градско, во близина на Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки,

управувано од Х.С.(32) од с.Манастирец, општина Росоман и трактор „имт 539“ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка, управуван од А.Ѓ.(47) од с.Росоман.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Х.С., а со телесни повреди се здобил А.Ѓ., констатирани во Општата болница Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Претходна вестКој како нив: Овие пензионери ќе добијат 13-та пензија
Следна вестПознато целото име и презиме на убиената жена во злочинот кој ја потресе Македонија