Страотна несреќа помеѓу повеќе возила – сообраќајот на овој патен правец е во прекин

2144

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска на патниот правец Стража – Кичево, во близина на Трапчин Дол.

Според официјални информации, во несреќата учествувале три патнички моторни возила и едно тешко товарно возило.

Камионот бил со албански регистарски ознаки, додека едно од патничките возила било со унгарски, а едно со кичевски регистарски таблички.

На местото на настанот интервенирале екипи на Итната медицинска помош и полицијата. Засега нема официјални информации за евентуални повредени лица.

Поради несреќата, сообраќајот на овој патен правец е во прекин и се пренасочува по споредните сообраќајници.

Полицијата врши увид, по што се очекуваат повеќе информации за причините и околностите под кои се случила сообраќајката.

Претходна вестСвртел на дупла полна линија, бил под дрога: Приведен 31-годишен возач кој усмрти 19-годишен моторџија во Скопје
Следна вестТинејџер возел пијан, се забил во метален столб: Полицијата со полни раце работа