Страотна несреќа – младо момче итно пренесено во болница

2237

Вчера (1.05.2026) во 14:15 часот, во ОВР Гостивар од болницата во Гостивар, било пријавено дека кај нив е донесено повредено лице по пад од возило.

„По извршените проверки утврдено е дека се работи за Е.К.(27) од Гостивар. Имено тој, управувајќи четирицикл без регистарски ознаки и

без возачка дозвола на шумски пат помеѓу селата Речане и Дуф, изгубил контрола и паднал при што се здобил со тешки телесни повреди.“, соопшти СВР Тетово.

Известен бил јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.

Претходна вестУжасна несреќа на 1-ви мај: Двајца пијани малолетници со мотор удриле во автомобил