Страотна несреќа ја потресе Македонија – младо момче го загуби животот

3886

МВР информира дека рано утринава околу 00.20 часот во ОВР Виница е пријавено дека на регионалниот пат на излез од Виница кон Берово,

патничко возило „сеат ароса“, со винички регистарски ознаки управувано од М.М.(34) од с. Крушево, виничко излетало надвор од коловозот.

Во несреќата на местото на настанот починал возачот, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Виница, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Претходна вестДенес е Прочка – едно нешто мора да направите за да ви тргне во животот
Следна вестПознатиот руски астролог открива: Многу пари и среќа за овие хороскопски знаци во следниот период!