Српските студенти во блокада на 1 јуни протестираат во 27 градови

89

Студентите во блокада на Факултетот за технички науки во Нови Сад објавија список на градови каде што ќе се одржат протести на 1 јуни.

-Генералната проба почнува. Изберете град, повелете во салонот…, напишаа студентите во блоката на ФТН на својот профил на социјалната мреќа „Икс“.

Во објавата се наведува дека протестто ќе се одржи во: Јагодина, Зрењаник, Чачак, Ужице, Краљево, Лесковац, Пирот, Врање, Бор, Лозница, Ваљево, Сомбор, Суботица, Кикинда, Сремска Митровица, Нови Пазар, Крушевац, Ниш, Белград, Бела Паланка, Алексинац, Сурдулица, Власотинац, Рума, Прибој, Шабац и Прокупље.

Инаку, студентите во блокада претходно го најавуваа следниот поголем протест за 1 јуни, но го наведоа само Пожревац како место каде што ќе се соберат.

Објавите во врска со протестот беа проследени со слоганот „Децентрализацијата започна“.

Претходна вестИ денеска локален дожд, ќе дува и засилен ветер
Следна вестВработени во прилепската болница си ги земале парите за партиципација од болните