Во хорор сообраќајната несреќа што ноќеска се случи во Нов Белград, како што јавуваат српските медиуми загинало цело семејство: мајка (32), татко (36) и десетгодишно дете.
Две лица се повредени и се пренесени во Ургентниот центар.
Несреќата се случила кога Никола Ѓ. (24), кој бил во алкохолизирана состојба со 1,17 промили во крвта , поминал на црвено светло и удрил во Хјундаито во кое се возеле Б. Ж. со семејството.
Б.Ж. е сообраќаен полицаец кој во тоа време не бил на должност.
Никола Ѓ, државјанин на Босна и Херцеговина, е приведен до 48 часа по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград .
Тој се здобил со полесни повреди во судирот што го предизвикал.
Моментот на судирот можете да го видите на видеото, но ве предупредуваме дека сцената содржи вознемирувачка содржина.



