Според Битиќи интерпелацијата на Гаши е шовинистичка

182

Партискиот став на пратеничката група на СДСМ е да гласа за интерпелацијата на собранискиот претседател Африм Гаши, но пратеникот од редовите на оваа партија, Фатмир Битиќи, денеска во изјава за медиумите на албански јазик кажа дека истата нема да ја поддржи.

Тој рече дека има спротивен став од партијата. Ја нарече шовинистичка и ксенофобична интерпелацијата на Гаши која ја поднесе партијата Левица.

Одлуката на Битиќи да не ја поддржи интерпелацијата на собранискиот спикер се коси со ставот што вчера го изнесоа од СДСМ оти интерпелацијата ќе биде поддржана од нивните пратеници.

Вчера, прашан за својот личен став околу интерпелацијата на собранискиот претседател, лидерот на СДСМ – Венко Филипче рече оти треба да биде поддржана поради многуте направени престапи.

Претходна вестУЖАС: Прегазен малолетник во Аеродром – ова се деталите
Следна вест77-годишен маж со „пежо“ прегази Хрват во Охрид