Спасен Силјаноски: Фејзбукот “олтар” го напрајвте – наместо молитва во црква, на ФБ се молите

4022

Познатиот македонски пејач, Спасен Силјаноски важи за човек кој говори без „влакна на јазикот“, а така беше и овојпат кога на својот профил на фејсбук напиша:

И што е најчудно…Фејзбукот “олтар” го напрајвте. Наместо молитва во црква, на Фб се молите. Под секоја слика со светец “амин” ставате(незнам дали Господ го чита тоа).

Наместо исповед кај свештено лице вие на Фб се исповедувате.Наместо сочувство за починат на семејството да му искажете, вие на Фб пишувате. Наместо во Црква за празник да појдете, вие слика со свеќа на Фб споделувате….

Наместо прошка од родителите, вие од Фб прошка барате.Наместо тајно на сиромашните да донирате вие јавно слика на фб објавувате.Да редам уште??? ….Епа ај АМИН

Претходна вестЕксплозија во трговски центар: Најмалку три лица загинаа (ВИДЕО)
Следна вестЈануари, најголгиот и најубавиот месец