Македонската јавност сè уште е во шок по веста за смртта на Панчо, член на хип-хоп дуото ДНК и еден од највлијателните уметници на домашната сцена.
Неговата ненадејна смрт на предизвика лавина емоции и реакции од колеги, пријатели и фанови, а сега за првпат по трагедијата се огласи и неговата сопруга, Маја Блажев.
Преку социјалните мрежи, скршена од болка, Маја му се обрати на својот сакан сопруг со емотивна и разорна порака:
„Не се договоривме вака душо моја, љубов моја, живот мој… ме скрши на милион делови.“
Овие зборови сведочат за огромната загуба и неизмерната болка која ја чувствува неговото семејство. Панчо и Маја стапија во брак на 2 октомври 2013 година во Скопје, а од нивната љубов се родија две деца, кои сега остануваат без својот татко, а Маја без животниот партнер со кого ја градеа иднината.
Нивната љубов беше тивка, но силна – далеку од очите на јавноста, но исполнета со искреност, почит и длабока поврзаност. Панчо често знаеше да сподели дел од нивната семејна среќа, но најмногу ја чуваше за себе – таму каде што љубовта е највистинска.
Остануваат спомените, музиката и љубовта која никогаш нема да згасне.
Почивај во мир, Панчо. Твоето срце престана да чука, но ќе живееш засекогаш во срцата на оние што те сакаа.
