Сообраќајна несреќа во регионот: има повредени македонски државјани

5104

Сообраќајна несреќа се случила вчера околу 12:50 часот на главниот пат во општина Лепосавиќ, на северот од Косово.

Во несреќата учествувале две патнички возила – едно со регистарски ознаки од Македонија и едно со косовски таблички.

Според официјалните информации од полицијата, во судирот се повредени двајца државјани на Северна Македонија, возачот и една сопатничка од возилото со македонски регистарски ознаки.

Тие се пренесени на лекарски преглед и им е укажана медицинска помош.

Надлежните полициски служби извршиле увид на местото на настанот, а причините за несреќата се предмет на понатамошна истрага.

Претходна вестХаос: Се појавија видео снимки и разговори од скандалот во Црна Гора
Следна вестПочинаа две бебиња: Светот е во паника – од македонскиот пазар итно се повлекува ова млеко