Кандидатката за градоначалник на Карбинци, Љубица Соколовска, пред цела јавност ја откри манипулацијата на актуелниот градоначалник на Карбинци, Виктор Паунов, кој од граѓаните бара и втор мандат на претстојните локални избори.
Паунов на својот Фејсбук профил се пофали дека направил ллокален пат, кој всушност е направен од СДСМ кога беа централна власт и од тогашниот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Во продолжение и објавата, со докази на Љубица Соколовска:
ДЕМАНТ – Вистината за проектот
локален пат Таринци-Долни Балван
Актуелниот градоначалник Виктор Паунов од ВМРО-ДПМНЕ се фали со проект кој не е негово дело.
Овој проект беше изгласан со граѓанска иницијатива на форуми, а во 2020 година Владата предводена од СДСМ обезбеди 29,5 милиони денари преку Министерството за транспорт и врски за реконструкција на локалниот пат Таринци – Долни Балван.
Заслугата е на министерот Благој Бочварски од СДСМ, на граѓаните и на институциите кои тогаш ја поддржаа оваа иницијатива – а не на актуелниот градоначалник.
Време е да се цени вистинскиот труд и вистината да излезе на површина.
Јас, Љубица Соколовска верувам во чесност, отчетност и реална работа за доброто на сите села и граѓани.
Глас за број 5, е да не се чувствувате повеќе излажани, изманипулирани и заборавени.
