Со храна се затрул и синот на премиерот Мицкоски – итно е хоспитализиран

907

Според информациите со кои располага нашата редакција, еден од синовите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, помладиот, се наоѓа меѓу тешко затруените ученици од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, општина Карпош.

Според истиот извор, тој бил хоспитализиран и веќе два дена се наоѓа во болница со симптоми на труење и покачена температура. Неговата здравствена состојба, како што дознаваме, во моментов е подобрена.

Претходно денеска беше објавено дека голем број ученици од истото училиште пријавиле симптоми на труење, при што дел од нив биле примени во болница.

Училиштето одлучи да ги ослободи од настава сите паралелки од прво до петто одделение, а голем број ученици од шесто до деветто одделение исто така биле испратени дома.

Претходна вестФамилијарното проклетство е нешто најлошо: Еве дали го имате и како да се ослободите
Следна вестМолитва што помага кога сè оди надолу: Кажете ги овие смирувачки зборови кога чувствувате дека губите сила