Со дополнение на доказната постапка продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

29

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје. На изминатото рочиште заврши доказната постапка и се започна со дополнение на докази. Дополнителни докази изведуваше Обвинителството помеѓу кои имаше снимки од безбедносните камери кај Велибор Манев кои, според Обвинителството, покажуваат дека обвинетите однапред се подготвувале за убиство, а не само за киднапирање на Вања Ѓорчевска. На снимката што беше прикажана во Судот, видлив е моментот кога Манев става лопата во возилото „Рено Кангу“.

Во изјава за медиуми, обвинителката Ана Стојковиќ, појасни дека снимката била изнесена во одговор на тврдењата на обвинетите во нивните искази дека тие всушност немале мотив да убиваат, туку тргнале да грабнуваат луѓе.

На прашање дали сѐ уште го бараат пиштолот, таа одговори дека имаат доволно докази кои укажуваат на вината на сите пет обвинети.

Прашана дали сѐ уште остануваат на ставот дека мотивот е користољубие, обвинителката Жаклина Трајковска одговори потврдно.

-Апсолутно во случајов се работи за користољубие. Од самиот почеток до извршувањето на делата, обвинетите заедно се договорале и се кородинирале да ги преземат сите дејствија со цел да си остварат користољубие. Со убистовто на Вања се докажува дека сите заедно ги превзеле дејствијата, само заради таа причина, рече Трајковска.

Претходна вестСредношколците во Белград ќе протестираат пред Министерството за образование поради продолжувањето на учебната година
Следна вестЛишен од слобода возач во Пробиштип затоа што управувал возило по дејство на алкохол