Иако денес во Скопје има снег, тоа не е причина за откажување, напротив огромен број граѓани најавуваат присуство на протестот од 18 часот пред Усје, за кого тврдат дека е најголем загадувач на Скопје.
„Стоп за Усје” вечерва со протест и блокада на крстосницата кај Цементарницата Усје, од каде бараат независен мониторинг и институционална реакција против загадувањето.
Од иницијативата велат дека граѓаните не веруваат во мерењата на фабриката и пасивноста на државата, и бараат 24-часовен мониторинг и автоматски стоп кога ќе се надминат граничните вредности.
Од цементарница Усје, пак тврдат дека работат според законските прописи, со А-интегрирана еколошка дозвола и современи филтри, и дека индустријата има помало влијание на воздухот од сообраќајот и домаќинствата.
Денешниот протест е продолжение на последниот кој беше минатата година во декември . Активистите велат дека, и покрај претходните јавни апели, не е направен напредок во справувањето со проблемот со аерозагадувањето, поради што се одлучиле на порадикални форми на јавно дејствување.



