Снегот го направи своето: Се излизга камион на познат автопат во Македонија – сообраќајо ЦЕЛОСНО во прекин

19558

Камион што се излизгал а потоа и се извртел на автопатот „Пријателство“, на делницата од Демир Капија до Смоквица, целосно го прекина сообраќајот на овој патен правец од 15:50 часот, а возилата се пренасочуваат по стариот пат.

Веста ја потврди Виктор Паласкаров, раководител на Секција Гевгелија при ЈП „Македонија пат“.

Соред него, сообраќајот е прекинат кај местото Јаворица во близина на тунелите кај Демир Капија и надлежните органи преземаат мерки за извлекување на извртениот камион, а дотогаш сообраќајот ќе се одвива по стариот пат.

Инаку, сообраќајот на овој патен правец во обратна насока од Смоквица кон Демир Капија се одвива без проблеми во зимски услови, а „Македонија пат“ со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата во овој дел на државата.

Претходна вестГрупа од десетина луѓе ја одбележаа 97-годишнината од смртта на Мара Бунева во Скопје
Следна вестНа ладните температури вечерва: Поголем дел од Карпош остана без електрична енергија – ова е причината