Случај „Онкологија“: Обвиненија за поранешниот директор Нино Васев и уште тројца лекари

195

Поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев е првообвинет во случајот за злоупотреба на терапијата на Клиниката за онколошки пациенти.

Обвинети се уште тројца онколози, како и економскиот директор Нехат Нухи, кои во клиниката работеле во 2018 година.

Скопското обвинителство поднесе две обвиненија за случајот „Онкологија“ со која се опфатени шест лица и тоа медицинскиот директор, организацискиот директор на Клиниката и четворица онколози, меѓу кои и еден поранешен директор.

Како што изјави шефот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, предметот е поделен на два дела – едниот ги опфаќа финансиските злоупотреби, а вториот третманот на пациентите.

„Првото обвинение се однесува на економското работење на болницата и опфатени се две лица- медицински директор и организациски директор на клиниката. Обвинети се за злоупотреба на службената положба, измама и проневера во службата“, соопшти обвинителката Ана Гоговска Јакимовска.

Таа појасни дека делата ги извршиле во временски период од 2018 до 2022 година и прибавиле значителна имотна користи за друг од над 2,2 милијарди денари.

Медицинскиот директор помогнат од организацискиот директор извршил проневера во службата така што набавил лекови кои имал намера да ги присвои односно лекови кои фиктивно ги раздолжувал односно не ги аплицирал на пациентите во чие име ги раздолжувал.

Второто обвинение се однесува на третманот на пациентите и опфаќа четворица онколози меѓу кои и поранешниот директор кој е обвинет за тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување болни.

Гоговска – Јакимовска рече дека кај 29 пациенти првообвинетиот применил неподобен начин на лекување односно давал лекови од новите генерации со што тешко го нарушил здравјето на пациентите

Докторите, пак, одредувале терапија со лекови од нови генерации во фази кога било очигледно дека пациентот нема да има ефект од лекувањето со отстапување од дозирањето со што дополнително ја влошиле нивната состојба.

Претходна вестИзгласан Законот за ангажирање сезонски работници
Следна вестФилипче обвини дека Македонија ќе прими мигранти, Мицкоски вели – нема такво нешто