Слободен печат: Убиен матичниот лекар Ацо Трповски, пронајден во неговиот автомобил

283

Матичниот лекар Ацо Трповски синоќа во 23 часот бил пронајден без знаци на живот, со убодни рани по телото, во неговиот автомобил паркиран на паркинг во непосредна близина на поликлиниката Железара. Станува збор за лекар кој имал приватна ординација и е на 67 годишна возраст, објави Слободен Печат.

– Инспекторите се овде. Докторот е вработен во приватна здравстствена установа која приватна концесија доби од кај нас и работеше активно, како втор тим. Поликлиниката работи до 19 часот и 30 минути, немаме дежурна служба, така што ова се случило после работното време. Паркингот е на стотина метри од поликлиниката и сите го користиме, изјави за „Слободен печат“ директорот на поликлиниката Железара Александар Вељановски.

Од МВР за „Слободен печат“ потврдуваат дека тој бил пронајден од неговите синови кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од итната помош констатирал смрт а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Истражните органи преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претседателката на Здружението на приватни матични лекари, доктор Лилија Чолакова Дервишова, за „Слободен печат“ кажа дека станува збор за врвен лекар, со огромен стаж и целата медицинска фела е во шок од трагедијата. Според нејзините информации, лекарот вечерта посетил настан организиран од фармацевтска компанија за лек, а потоа не се вратил дома по што семејството и пријателите почнале да го бараат.

Извор: Слободен печат

претходниот член,Кој и зошто вчера вечерта со 9 убоди од нож го уби матичниот доктор во скопска Железара
Следната статијаМаксим даде „зелено светло“: Ова се носителите ЗНАМ – меѓу нив професор, генерал, поранешни високи функционери