Временскиот метео‑прогнозер Славчо Попоски најавува снег во Македонија, кој доаѓа како резултат на продор на многу поладен северен воздух и нагло заладување на времето од 15 февруари натаму. Според неговата најнова прогноза, ноќта меѓу 15 и 16 февруари се очекува промена на времето и врнежи од дожд на повеќе места во земјата, кои потоа ќе преминат во врнежи од снег проследено со засилен северен ветер.
Славчо појаснува дека студениот воздух што ќе навлезе над Балканот ќе ги спушти температурите значително и ќе создаде услови за појава на снег низ Македонија, особено во текот на 16 февруари. Врнежите најпрво ќе бидат од дожд во пониските предели, а со студениот воздух ќе преминуваат во снег и на ниските и средни надморски височини, со можност снежната граница дополнително да опадне.
Оваа промена на времето следува по период на релативно стабилни температури, но според анализите на попоски, заладувањето ќе биде нагло и ќе донесе услови за зимски врнежи низ повеќе региони од државата.
Имајќи предвид дека ова е прогноза што зависи од продор на студен воздух од север, точната распоредност на врнежите може да варира по региони, но централното време за почеток на снегот според Славчо е околу средината на февруари.




