СКАНДАЛОЗНА РАСПРАВИЈА ВО „ЅГ“: Саша Поповиќ шокиран од безобразието на младиот пејач – „можам да бидам поголема ѕвезда од 10 ваши финалисти!“

245

Мики Секуловски повторно имаше одличен настап во „Ѕвездите на Гранд“ со кој помина во следниот круг, но овој пат во фокусот беше младиот пејач со кој се натпреваруваше, Бобан Лазиќ.

Имено, претставниците на жирито и покрај тоа што беа неодлучни кој да оди понатаму, на крај директно помина Мики.

Но Боле не беше задоволен од освоените три гласови со кои што мораше да оди во бараж, па најпрво почна да ја коментира одлуката на Марија Шерифовиќ откако таа образложи зошто не гласала за него, туку за Секуловски, кој секако беше подобар.

Младиот пејач не беше задоволен што доби току малку гласови кога некои други, што се многу послаби, добиваат повеќе.

Во расправата се вклучи и Цеца која застана на неговата страна, но истовремено обидувајќи се да го смири пејачот.

„Бобан, аршините не се еднакви и се те разбирам и ти си во право“, му кажа Цеца додавајќи дека некои поминуваат и покрај тоа што пееле со фалш, додека некои други навистина треба да се потрудат за тоа.

Потоа се вклучи Саша Поповиќ кој напомена дека фалшовите не се мерило кој колку гласови ќе добие и дека досега има направено „сто ѕвезди“ од оние што се натпреварувале во шоуто. Тој го потсети дека се пријавувал на аудиции како млад, и кога пеел фалш, но и дека една година не го пуштил да се натпреварува, па потоа го пуштил.

„Ова е седми круг. Јас кога избирам точно знам. Ова го работам дваесет години, размислувам како продуцент и гледам дали некој може нешто да направи. Можеби и послабо пеел“.

„Пеењето е најважно, но не е сé во пеењето“, изјави Поповиќ по што младиот пејач продолжи да се расправа.

„Минатата година кога испаднав со шест гласови, гарантирам дека можам да бидам поголема ѕвезда од десет ваши финалисти. Само немам пари да дадам 20.000 евра за песна, плус за три песни. Отидов предалеку сега, изјави тој“, по што Поповиќ му кажа дека го почитува неговиот став и дека му се допаѓа тоа кога натпреварувачите ќе го каже она што го мисли.

Но бидејќи Бобан потоа на коментар на Марија Шерифовиќ која повтори дека тука не станува збор само за пеење, туку се избира и некој што првенствено е телевизиска личност, што ќе го сака публиката, коментираше дека мисли дека неговото учество во шоуто полека губи смисла, веднаш се огласи и Поповиќ, кој го предупреди дека станува безобразен ако навистина мисли така.

Ова навистина не го разбирам, сега излезе безобразен и мислам дека со тој твој став и не ти е местото тука. Ако мислиш дека местото не ти е тука, тогаш навистина не знам што, му кажа Поповиќ.

Сепак и покрај критиките, Поповиќ на крај, по баражот одлучи да го пушти и Бобан во следниот круг.

Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…

претходниот член,ШТО СЕ СЛУЧУВА СО МЛАДИТЕ: 19-годишник уби тројца членови на семејството, хорор во Германија
Следната статијаПосле 27 часа запрена потрагата по исчезнатата Данка – полицијата се огласи