Скандал во Вашингтон: Зеленски ја напушти Белата куќа, откажана прес конференцијата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја напушти Белата куќа по средбата со Доналд Трамп.

Претходно планираната заедничка прес-конференција меѓу двајцата лидери е откажана.

Извор од Белата куќа потврди за Ројтерс дека украинскиот претседател Володимир Зеленски предвреме ја напушта Белата куќа.

Информацијата доаѓа по жестоката расправија меѓу Трамп и Зеленски пред новинарите во Овалната соба.

Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“ напиша дека Зеленски „ги навреди Соединетите Американски Држави во нивната ценета Овална соба“.

„Може да се врати кога ќе биде подготвен за мир“, заклучува тој.

Претходна вестТрамп и Венс се караа со Зеленски во Белата куќа, го обвинија дека е неблагодарен и не покажува почит кон САД
Следна вестЗа верниците од исламска вероисповед денес започнува Светиот месец “Рамазан“