Ситуацијата е сериозна: Берово побарало помош од околните општини, за да се справат со пожарот во Хотел Манастир

1180

Пожар доцна вечерва избувнал во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово. Градоначалникот на општината Звонко Пекевски во изјава за ТВ21 вели дека поради сериозноста на пожарот побарана е помош од околните општини.

До моментот на нашиот телефонски разговор, пристигната била противпожарна помош од општина Делчево.

Дел од гостите во хотелот се евакуирани, за среќа нема повредени.

„Побаравме и поддршка од Кочани. Пожарот навистина беше голем и страшен но во моментов мислам дека е локализиран и нема опасност истиот да се прошири. Состојбата е стабилна“, кратко ни изјави градоначалникот кој беше на лице место.

На терен се екипи на ТППЕ Берово кои веднаш по дојавата се упатиле во кругот на објектот каде е забележан густ чад.

Веднаш до хотелот се наоѓа и манастирот Св. Архангел и Михаил. Главната манастирска црква била изградена во периодот од 1815 до 1818 година. Осветена е во 1818 година, а на нејзиното осветување присуствувал и просветителот Јоаким Крчовски.

Извор: ТВ21

претходниот член,Гори хотел Манастир во Берово
Следната статија(ВИДЕО) Пожар значително го оштети хотел „Манастир“ во Берово – еве што остана од него