Сите вработени во оваа општина добија покачување од 5.000 денари на плата – вакво нешто се случува прв пат во Македонија

4998

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи соопшти навистина убава вест за сите вработени во оштината во Кисела Вода.

За 5000 денари повисоки плати за вработените во општината!

Потпишан е значаен договор со Синдикатот, кој овозможува покачување на платите на административните службеници од општина Кисела Вода.

Почнувајќи од февруари, тие од општината ќе добијат покачување од 3.000 денари, додека со предвиденото покачување на минималната плата од страна на 🇲🇰 Владата на Република Македонија, вкупното зголемување на мартовските плати, ќе изнесува околу 5.000 денари.

Оваа одлука е резултат на посветеност кон подобрување на условите за работа и мотивацијата на административните службеници, кои се клучен дел од функционирањето на локалната самоуправа.

Во последните три години, Општина Кисела Вода бележи видлив напредок во сите области на своето работење.

Овие резултати, меѓу другото, се должат на посветеноста и професионализмот на нашите административни службеници.

Успешна општина значи задоволни граѓани кои добиваат брза и ефикасна услуга, а тоа е невозможно без мотивирана и вредна администрација.

Со ова покачување на платите, сакаме да покажеме дека нивниот труд е ценет и дека ќе продолжиме да инвестираме во луѓето кои се основа на напредокот на општината.

Претходна вест24-годишен маж силувал малолетничка од валандовско
Следна вест(ВИДЕО) Страотни сцени – се запали автобус на ЈСП полн со патници