Сите кои гледаат „Ѕвезде гранда“ се без збор: Познато е кој ќе ја замени Марија Шерифовиќ – нема да верувате

695

Една од најпознатите фолк-пејачки во регионот, Дара Бубамара, ќе стане дел од новата сезона во „Ѕвездите на Гранд“.

Таа веќе го потпиша договорот со продукцијата, а како што се вели во нивното официјално соопштение, позитивната енергија на познатата пејачка како и нејзината препознатлива харизма ќе внесат дополнителна динамика во легендарното шоу и ќе им биде силен ветер во грбот на новите музички таленти што во иднина.

Дара доаѓа на местото на Марија Шерифовиќ, а откако го потпиша договорот најави вистинско лудило во новата сезона.

Потсетуваме, овогодинешното финале на „Ѕвездите ана Гранд“ се одржа на 5. јули и победник беше Никола Станишиќ од Македонија.

Само еден ден подоцна се огласи Марија Шерифовиќ и откри дека повеќе нема да биде дел од споменатото шоу.

Тогаш веднаш започнаа и шпекулациите кој би можел да ја замени, а најмногу се типуваше дека тоа би можело да бидат пејачката Сања Вучиќ или Драган Којиќ Кеба, но од продукцијата следуваше изненадување.

Како што објавија во нивното соопштение, Дара во текот на својата кариера има изградено статус на фолк-икона, па нејзиното музичко знаење, повеќедецениско искуство во индустријата и непосредната комуникација со публиката ја прават да биде исклучително засилување на жирито во најгледаното музичко шоу на Балканот.

Претходна вестУште тоа ни требаше: Земјотрес ја потресе Македонија вечерва
Следна вест(ВИДЕО) Сцени како на филм во Тетово: Девојка сакаше да си го одзеде животот – спасена во последен миг