Силна полициска акција во Македонија – уапсени 7 лица

9918

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои тројца за возење без возачка дозвола, двајца за управување возило под дејство на алкохол и тројца со забрана за управување возило од Б категорија.

По еден возач во Скопје и Битола управувале возило без возачка дозвола, од кои возачот во Скопје е малолетник.

По еден возач во Куманово, Велес и Неготино за управување возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија.

Додека, по еден возач во Македонска Каменица и Струга управувале возило под дејство на алкохол. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Претходна вестШест минути помеѓу животот и смртта: 22 годишна девојка го преживеала она од кое сите се плашат
Следна вестШок за 12.000 македонски пензионери – остануваат без очекуваната пензија