Силен земјотрес меѓу Радовиш и Штип

1676

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.7. е регистриран изутринава во 9 часот и 18 минути во епицентралното подрачје Штип – Радовиш на 70 километри југоисточно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Штип и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

„Епицентарот на земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Штип – Радовиш на 70 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.7 и со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.

Потресот беше краток во секунда. Ова е втор земјотрес од ноќеска по оној во Дебар во 01.50 часот.

Претходна вест„На само 18 години бев прегазена, тој беше под дејство на алкохол, а судот остана нем“: Бетика за настанот коj ѝ го промени животот
Следна вестСи ги пресекла вените, а битолчанец ја тепал и додека била беспомошна