Силен земјотрес ја погоди Грција во Коринтскиот залив

39

Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала се случи во 3:06 часот наутро по локално време во Грција во Коринтскиот залив, според податоците од Атинскиот геодинамички институт.

Силен земјотрес од 4,8 степени што беше регистриран во Коринтскиот залив беше почувствуван и во Атика, пренесува Катимерини.

Во соопштението на Атинскиот геодинамички институт се наведува дека епицентарот на земјотресот бил 13 километри југоисточно од Галаксиди, а жариштето било на длабочина од 13,5 км.

Коринтскиот Залив е чувствителна зона која се карактеризира со висока сеизмичност и честа појава на земјотреси, наведува „Катимерини“.

Претходна вестЕХФ шокира со својата одлука: Правна постапка за Алкалоид и АЕК
Следна вестНародната банка ги зајакна капацитетите за климатските ризици со поддршка на ЕИБ