Шукова: Директорката на Државниот инспекторат избега од дебата

1002

Потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова во гостувањето на Топ Тема на телевизија Телма, зборуваше околу повеќе теми, секако главно беше загадувањето на Крива Река. Интересно, новинарот Боби потврди дека покана добила и директорката на инспекторатот, Ивана Гиновска, која рекла дека нема да го прифати гостувањето, затоа што нејзиниот став го изнела на прес-конференција.

-Кога треба да се зборува за одговорност – ги нема. Државниот инспекторат за животна средина одби да присуствува во Топ Тема, да ги соочиме фактите низ дебата, да даде објаснување за загадувањето на Крива Река и (не)постапувањето на институциите. Јавноста има право да знае, а институциите имаат обврска да одговорат навремено, обвини поранешната министерка за култура, Каја Шукова.

Во продолжение, погледнете дел од нејзиното гостување на емисијата на Телма.

Претходна вестМајка на маршот во Кочани: Едно прашање, кој го уби мојот ангел, кој го уби мојот херој, кој ги пеплоса тие ангелски лица?
Следна вестМакедонија ја потресе нов ужас: 15-годишното момче неколкупати силувало петгодишно девојче