19-годишен маж со нож ги убил братот и родителите и тешко ја повредил својата сестра во Хохентенген на германско-швајцарската граница, соопшти во средата јавното обвинителство на сојузната покраина Баден-Виртемберг.
19-годишникот со нож ги убил родителите на возраст од 58 и 61 година, а потоа и 34-годишниот брат. Сестрата, чија возраст не е објавена, била повредена и со хеликоптер била пренесена во блиската болница. Таа наводно се здобила со тешки убодни рани, но нејзиниот живот не е во опасност.
Инцидентот се случил во вторникот вечерта, соопштија во средата полицијата и државното правобранителство. Осомничениот е уапсен.
Според полициското соопштение, целото семејство живеело во куќата во која се случил масакрот. Убиецот има германско и италијанско државјанство. Мотивот за нападот се уште е нејасен.
Според информациите од државното правобранителство, 19-годишникот се товари за тројно убиство без умисла и еден обид за убиство, а во текот на денот треба да биде изведен пред судија кој треба да одреди мерка притвор.
Во истата област, пред два месеци, 32-годишен син ги убил своите родители, а на крајот и себеси.