ШТО КРИЕ: Го искористи правото да не сведочи – мајката на осомничениот за убиството на Данка не сакаше да зборува

274

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да не сведочи во обвинителството.

Таа го има тоа право како најблиска роднина на осомничените.

– Сведокот Светлана Драгијевиќ е привилегиран сведок. Таа го искористи правото да не сведочи – изјави адвокатот Небојша Живановиќ.

Денеска ќе бидат сослушани уште двајца сведоци, додека утре во обвинителството се повикани уште неколку.

Тројца членови на семејството Драгијевиќ беа уапсени за убиство на двегодишно девојче, но помладиот син на Светлана Далибор почина во притвор од срцев удар неполни 48 часа по апсењето.

Срѓан Јанковиќ (50) од Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот се осомничени за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ од Бор, по чие тело 12 дена континуирано се трага.

Претходна вестПродолжува потрагата: Мајката на убиецот на Данка пристигна во Обвинителство
Следна вестЈСП со голем чекор напред: Од четврток ќе возат две нови линии „100“ и „200“ – еве каде ќе движат