Сестрата на трагично загинатата Фросина Кулакова, Росица, денес се огласи преку социјалните мрежи по прес-конференцијата на родителите на Васил Јованов, возачот кој ја предизвика несреќата.
Росица објави емотивна порака упатена до Ана и Зоран Јованови, која може да ја прочитате во продолжение.
„Не сте преземале никаква одговорност како родитители, па уште и се нудите да ни помогнете! Вие не сте успеале да му помогнете на сопственото дете да го пронајде вистинскиот пат, а сега нам ни нудите помош за да ги исправите последиците од вашата претходна негрижа. Мизерија. Ајде тоа, туку се осмелувате и да го негирарте оправданиот револт на целата јавност. Дното стварно имало подрум. Знаеме дека вам не ви одговара да профункционираат правосудството и сите останати институции“, објави Росица.