Сега се е јасно: Македонија има одлука – познато дали ќе ја признаеме Палестина

300

Македонија засега со црвен картон за Палестинска држава – владата нема намера да ја признае, брифираат владини извори за ТВ 24. Според нив, допрва ќе се чека консензус од ЕУ по ова прашање, но и ставот на САД.

Македонската делегација која во моментот е во Њујорк, вчера не присуствуваше и на Конференцијата за решение за две држави, каде ко-претседавачи беа Франција и Саудиска Арабија, а присуствува над 140 членки на ОН, но не и Доналд Трамп.

ТВ24 испрати прашање до кабинетот на шефицата на државата Сиљановска Давкова, која е таму, беше на светска конференција за жените и во четврток ќе се обрати на Генералното собрание на ОН дали присуствуваше на Конференцијата, но не добивме одговор. Од МНР пак порачаа:

МНР – Министерството за надворешни работи и надворешна трговија внимателно ги следи случувањата поврзани со признавањето на Палестина. Во таа насока сме во комуникација со нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави како и со земјите членки на Европската Унија, каде што се уште не е постигнат консензус по ова прашање.

Исто така, информираме дека македонската делегација не учествуваше на вчерашниот настан во Обединетите Нации посветен на решението за две држави.

Според експертите, македонската влада ги следи стратешките интереси на земјата.

– Имаме стратешко партнерство потпишано со Израел и со САД, оттаму нашата дипломатија е во чекор со нашиот стртатешки интерес. И во регионот не гласаа сите за Палестинска држава – гласаа воздржано. Германија гласаше воздржано, изјави Милан Стефановиќ политиколог и воено – безбедносен аналитичар.

Дојдено е време за мир – Франција ја признава Палестина, порача францускиот претседател Емануел Макрон од седиштето на ОН. Заедно со Франција, четири од петте вето сили на ОН, вклучувајќи ги – Велика Британија, Русија и Кина, ја признаа Палестина.

– Времето дојде. Затоа, верно на историската посветеност на мојата земја кон блискиот Исток, кон мирот меѓу Израелците и Палестинците, денеска изјавувам дека Франција ја признава државата Палестина, изјави Емануел Макрон претседател на Франција.

Државноста на Палестинците е човеково право, а не награда, изјави Антонио Гутереш генералниот секретар на ОН. На почетокот на говорот порача дека жали што палестинската делегација не беше во целост, односно администрацијата на Трамп не му даде виза на Палестинскиот претседател Махмуд Абас .

– Мораме да се посветиме на решението за две држави, пред да биде предоцна. Оние што го попречуваат тоа се обврзани да одговорат на едно основно прашање Која е алтернативата? Сценарио со една држава, каде на Палестинците им се одземени основните човекови права, протерани опд нивните домови и нивната земја ? И да бидеме јасни. Државноста на Палестинците е право, а не награда, изјави Антонио Гутереш генералниот секретар на ОН.

И Германија засега го отфрла признавањето на Палестина, но поддржува решение за две држави. Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул присуствуваше на конференцијата. Екс шефицата на германската дипломатија Бербок, која пред неполн месе седна на столчето претседавач на Генерално собрание на ОН, порача:

– Некои ќе кажат дека парче хартија, не може да ги промени реалностите на терен за Палестинците. Други, директно ќе ја отфрлат визијата за две држави. Но останува фактот, дека Декларацијата од Њујорк беше поддржана од 142 земји членки. И ова мнозинство јасно вели:војната во Газа мора да заврши сега, изјави Аналена Бербок претседателка на Генералното собрание на ОН.

Во моментот Палестина е признаена од 156 земји. Вчера на говорницата во ОН, пораки за признавање беа испратени и од Словенија, а Хрватскиот претседател Милановиќ рече дека Хрватска треба да ја признае палестинската држава.

Македонија пак, заедно со Албанија, гласаше воздржано за резолуцијата со која се бараше итен прекин на огнот во Газа. Беше и меѓу 12 воздржани земји -наспорти 142 членки за поддршка на влада на Палестина без Хамас.

Претходна вестЛековита вода, која гоpи! Локалните жители се колнат дека тоа е спас за бубрезите, желудникот…Ова е светско чyдо
Следна вестНајмалку 84 загинати во денешните израелски напади во Газа, соопштија палестински лекари