Сега не е лага: Ѓорѓе Давид ја напушти Македонија – откри што прво ќе направи утре во Србија

342

Во изминатите неколку денови, се појавуваше информацијата како наводно Ѓорѓе Давид заминал од Македонија. Сепак, на крајот се испостави дека сето тоа биле само „патки“ односно неточни информации. Денес, сепак оваа вест е точна и потврдена.

Српската музичка ѕвезда Ѓорѓе Давид официјално ја напуштил Македонија, откако добил одобрение од судските институции.

По напуштање на земјава, Давид закажал конференција за печат за српските медиуми во текот на утрешниот ден.

„Ѓорѓе замина за Србија. Ги помина сите процедурални барања од нашите надлежни институции и во текот на вчерашниот ден доби дозвола да ја напушти Македонија. Тој, како и досега, е достапен на нашите органи и ќе се јавува во судот во Куманово еднаш месечно. За се што има да каже во однос на ситуацијата, да го почекаме утрешниот ден и нашите медиуми ќе ги добијат сите релевантни и официјални информации од Ѓорѓе”, вели Вера Мештеровиќ, менаџер на Ѓорѓе Давид за Македонија.

Погледнете го видеото за кое зборува цел Балкан

Претходна вестБројот на загинати се искачи на 19, повредени се 22 лица во една од најстраотните несреќи во поновата историја – не паметат вакво нешто во Мексико
Следна вест(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Скопје – автомобил превртен, се појави и снимка