Најмалку 19 лица загинаа попладнево во западната индиска држава Раџастан кога автобус се запали, објавија индиските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.
Според NDTV, автобусот превезувал 57 патници на рутата помеѓу Џајсалмер и Џодпур кога од задниот дел на возилото почнал да излегува чад, пренесува Ројтерс.
Возачот го запрел автобусот покрај патот, но пожарот се проширил на целото возило за неколку минути.
Покрај 19-те смртни случаи, уште 15 патници, меѓу кои и две деца, претрпеле тешки изгореници, при што некои имале изгореници до 70 проценти од телото.
