Се вжештува: По дроновите Иран истрела и балистички проектили и ракети кон Израел

191

Иранската револуционерна гарда објави дека испукале десетици крстосувачки ракети кон Израел, покрај претходниот бран од стотици беспилотни летала, јавуваат иранските медиуми. Воената операција е одговор на нападот на израелските сили врз иранскиот конзулат во Дамаск, во Сирија, извршен на 13. април.

Крстосувачките ракети односно балистичките проектили се помоќно оружје и многу побргу ќе стигне до Израел кој заедно со САД ги таргетира иранските воздушни проектили во обид да спречи нивно паѓање на територија на Израел.

Досега нема информации кои се целите во Израел кон кои се истрелани ракетите и дроновите иако експертите и аналитичарите на CNN сметаат дека цели ќе бидат воени бази и владини објекти кои се наоѓаат во градски и населени подрачја.

Њујорк Тајмс објави дека израелската армија вечерва евакуирала одредени воени бази и се подготвува да го пресретне воздушниот напад со беспилотни летала и крстосувачки ракети.

И јеменските бунтовнички сили на Хутите лансираа голем број беспилотни летала кон Израел во координација со Иран, соопшти безбедносната компанија Амбри, јавуваат АФП и Ројтерс.

„Беспилотните летала (UAVS) наводно биле лансирани од Хутите кон Израел. Беспилотните летала биле лансирани во координација со Иран“, соопшти компанијата. „Проценките се дека потенцијални цели се израелските пристаништа “, се додава и предупредува на „колатерална штета“ врз бродови и поморскиот сообраќај.

Претходно, портпаролот на израелските безбедносни сили (ИДФ) Даниел Хагари потврди дека иранскиот напад врз Израел започнал вечерва и дека на беспилотните летала ќе им требаат неколку часа да стигнат до израелскиот воздушен простор, додавајќи дека GPS услугите се недостапни на неколку локации во Израел.

Летовите над Израел, но и над делови од Либан се забранети и пренасочени на други траектории за воздушен сообраќај.

претходниот член,Вечерва светот нема да спие: Започна нова војна – Иран го нападна Изреал
Следната статијаИзреал покажа моќ: Пресретнавме 99 отсто од 300 проектили