Се тресеше тлото во Македонија – регистриран земјотрес

892

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран рано утринава во 1 часот и 50 минути.

Епицентарот на земјотресот е од подрачјето Дебар, на 80 километри југозападно од Скопје.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот бил почувствуван во Дебар и околината.

Претходна вестНова несреќа вечерва на Партизанска (ФОТО)
Следна вестУжас во Софија: Две лица избодени од 22-годишна девојка