Се случи она од што најмногу се стравуваше: Починат пронајден мажот по кој се трагаше

526

Се случи она од што најмногу се стравуваше: Починат пронајден мажот по кој се трагаше.

Исчезнатиот кавадарчанец бил пронајден починат, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

-Вчера во 10 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека во атар на село Куманичево, кавадаречко, е пронајден починат И.К.(66) од Кавадарци, за кој на 24 декември беше пријавено дека се оддалечил од домот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, појаснија оттаму.

Претходна вест(ВИДЕО) Се запали познат клуб – гостите бегаа за да спасат жива глава во Мириево