Се самоуби тренерот кој силувал малолетна одбојкарка, оставил проштално писмо

267

Мејнер имал 22 години, а работел како тренер во два клуба на Лонг Ајленд.

Џејсон Мејнер кој е обвинет дека силувал одбојкарка во средното училиште во кое работел како тренер, извршил самоубиство.

Според обвинувањата, тој силувал 15-годишно девојче во два наврата, еднаш во февруари и еднаш во март поради што бил уапсен. Истиот ден Мејнер добил отказ, а на судењето ги негирал обвинувањата. Платил кауција од 75 илјади долари по што е пуштен на слобода, објави Спорт1.

Истата вечер откако ја платил кауцијата, тој скокнал под воз, а полицијата соопштила дека зад себе оставил проштално писмо чија содржина се уште е непозната.

претходниот член,(Видео) Голем мост во Балтимор се урна по удар на брод, на него имало автомобили
Следната статијаГОЛЕМА БОЛКА И ТАГА: Ова е младата мајка Антонија кој вчера загина во стравичната соораќајка во Хрватска