Се распаѓа ли ЛДП: Иницијативен одбор бара итна смена на Моника Зајкова и нејзините соработници

526

Дел од општинските организации на ЛДП побараа свикување конгрес за промена на раководството, поради незадоволство од како што рекоа, непринципиелната пазарџиска политика и недемократското водење на партијата.

Бобан Бојковски од општинската организација Куманово го обвини раководството на партијата за приклучување кон владејачката партија, без притоа да биде слушнат гласот на членовите на ЛДП. Тој нагласува дека од партијата биле исклучени четири општински организации само затоа што барале одговорност за големиот неуспех на партијата на последните парламентарни и претседателски избори.

Од друга страна, претседателката на партијата, Моника Зајкова демантира дека има намера да се приклучи кон власта и вели дека како пратеник и понатаму ќе делува независно во собранието. Децидна е дека вонредно собраниена партијата нема да има и уверува дека на чело на партијата ќе остане најмалку уште две години, до истекување на мандатот.

„Додека Моника Зајкова е претседател, а ќе биде уште најмалку 2 години, ЛДП ќе остане доследна на своите програмски принципи по кои е препознатлива и ценета. Како што не дозволив никој да ми врши влијание да дадам поддршка на измените на Кривичниот законик, на специјалнот закон без да го знам договорот за Бехтел и Енка, како што не дозволив ни да ми го сменат ставот за Законот за игри на среќа, така нема да дозволам и сега закани и уцени нити за Законот со кои се намалуваат банкарските провизии. Нема да престанам под никакви закани да се борам европската пракса да биде применета и во Македонија, односто енормните трошоци да останат таму каде припаѓаат – во џебот на граѓаните“, изјави Моника Зајкова- претседателка на ЛДП.

Зајкова исто така нагласи дека веќе активно се подготвува нова стратегија за настап на претстојните локални избори.

Претходна вестЌерката на изчезнатата Лидија се огласи со емотивна порака (ФОТО)
Следна вестРасте ли расте: Вредноста на биткоинот надмина 80.000 долари